Трудо на прес-конференција рече дека дел од царините за стоки од САД, во вредност од 30 милијарди канадски долари, ќе стапат на сила во вторник, а царините за сите други стоки увезени од таа земја ќе стапат на сила за 21 ден, пренесе Ројтерс.
Канадскиот премиер Џастин Трудо рече дека земјата ќе воведе тарифи од 25 отсто на американски стоки увезени во Канада во вредност од 155 милијарди канадски долари (102,7 милијарди евра), како одговор на тарифите, исто така, од 25 отсто, наметнати од Соединетите држави САД воведоа царини за стоки од Канада. Трудо на прес-конференција рече дека дел од царините за стоки од САД, во вредност од 30 милијарди канадски долари, ќе стапат на сила во вторник, а царините за сите други стоки увезени од таа земја ќе стапат на сила за 21 ден, пренесе Ројтерс.
Премиерот на Канада предупреди дека новите царини ќе им наштетат на Соединетите држави и ги повика Канаѓаните да купуваат канадски производи и да го поминат својот одмор во нивната земја, а не во САД, пренесува Танјуг. Претседателот Доналд Трамп во саботата потпиша извршна наредба за воведување царини од 25 отсто за сите стоки од Канада и Мексико почнувајќи од вторник, освен за енергетските производи од Канада, кои ќе подлежат на царина од 10 отсто.