Таткото на малолетникот во возилото имале 5 пиштоли, еден со калибар 7,65мм, друг со калибар 9мм со по четири куршуми за секој од нив, потоа уште еден пиштол за кој имал дозвола за поседување со осум куршуми и уште два сигнални пиштоли Вечерта на 23 јануари полицијата застанала Ауди А8 во село Волково. Кога ги направиле проверките утврдиле дека возачот овој месец наполнил 15 години, а во возилото имало повеќе парчиња оружје и муниција. Возилото било на неговиот 55-годишен татко против кого е започната кривична постапка.
Како што соопшти Основното јавно обвинителство Скопје, осомничениот татко во автомобилот имал два пиштоли, едниот со калибар 7,65мм, а другиот со калибар 9мм со по четири куршуми за секој од нив, потоа уште еден пиштол за кој имал дозвола за поседување со осум куршуми и уште два сигнални пиштоли. Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Како мерка на претпазливост обвинителството побарало судот да изрече забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, повремено да се јавува кај определено службено лице, а и да му ги одземат пасошот и возачката дозвола. Исто така, како што соопши ОЈО, од судија на претходна постапка побарале и забрана за неговиот малолетен син, други малолетни лица или други неовластени лица да имаат пристап во просторија или во домот каде што има огнено оружје.