Со првиот лет на турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ од Истанбул до Охрид свечено беше означен стартот на нововоспоставената авионска линија. Летовите на релацијата Истанбул-Охрид ќе се реализираат четирипати неделно, во понеделник, четврток, петок и недела. Турската авикомпанија за оваа линија ќе користи авиони „Ербас А321“, „Боинг 737-800“ и „Боинг 737-900“ од својата флота. Според надлежните, оваа нова линија ќе значи многу за развојот на туризмот, но и за развој на економијата во Северна Македонија.
Првите патници од Истанбул на охридскиот аеродром беа пречеани од премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, главниот извршен директор на „ТАВ Аеродроми“, Серкан Каптан, главниот извршен директор на „Туркиш ерлајнс“ Билал Екси и турскиот амбасадор Фатих Улусој.