Турскиот суд денеска го ослободи фоторепортерот на АФП, Јасин Акгул, кој беше уапсен во понеделникот под обвинение дека учествувал во демонстрациите против притворот на Екрем Имамоглу, од каде тој известуваше како дописник од Истанбул, соопшти неговиот адвокат за агенцијата Франс прес.
#BREAKING A Turkish court on Thursday freed @AFP photographer Yasin Akgul who was detained for covering mass protests roiling the country, his lawyer says pic.twitter.com/iexNF7LFw7
— AFP News Agency (@AFP) March 27, 2025
Апсењето на Акјул, заедно со други новинари, во понеделникот во раните утрински часови во нивните домови предизвика меѓународна осуда. Претседателот и извршниот директор на француската новинска агенција АФП повикаа на итно ослободување на фоторепортерот. Во писмото до турското претседателство, Фабрис Фриш, од новинската агенција, изјави дека Акгул не учествувал во протестите, туку ги снимал како дел од неговите новинарски должности. Исто така, според турското здружение за човекови права МЛСА, донесена е одлука за ослободување на уште најмалку двајца од шесте други новинари. Меѓу нив е и фотографот Булент Килиџ, поранешен соработник на АФП, кој е добитник на меѓународни награди. Новинарите беа уапсени под обвинение за учество во демонстрации кои беа забранети од турските власти, но избувнаа низ цела Турција од 19 март по апсењето и притворот на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу.