Две лица загинаа, а уште две се повредени кога денеска избувна пожар во хотел во ски-центар во северозападна Турција, соопштија локалните власти. Трагедијата се случила во ски-центарот Улудаг во провинцијата Бурса, изјави градоначалникот на Бурса Мустафа Бозбеј, пренесе телевизијата НТВ.
Прелиминарните извештаи покажуваат дека во моментот на пожарот во хотелот имало 12 лица. Хотелот беше затворен и претходно евакуиран поради истекување на дозволата за туристичка дејност, која не беше обновена. Пожарот е ставен под контрола, а покрената е истрага, јавува НТВ, пренесува Танјуг.