Турција е подготвена да биде домаќин на преговорите за прекин на огнот и траен мир меѓу Русија и Украина, му рекол турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на својот француски колега Емануел Макрон во денешниот телефонски разговор, соопшти кабинетот на Ердоган.
Тој изјави дека е постигната историска пресвртница на патот кон завршување на војната меѓу Русија и Украина, дека оваа можност треба да се искористи и дека Турција е подготвена да го даде секој придонес, вклучително и организацијата на преговорите, со цел да се обезбеди прекин на огнот и траен мир, се вели во соопштението од кабинетот на турскиот претседател. Ердоган и Макрон разговарале и за билатералните односи на двете земји, како и за голем број регионални и глобални прашања, се наведува во соопштението за печатот, пренесува Си-Ен-Ен Турк.