Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција е директно засегната од настаните во регионот додека се натпреваруваат глобалните сили и рече дека Турција го нема луксузот да гледа од трибините, пренесува „Анадолија“. „Мораме да бидеме подготвени за сите сценарија и да управуваме со настаните во нашиот регион на начин што ќе биде од корист за нашата земја“, рече Ердоган во обраќањето на ифтар вечера во претседателскиот комплекс во Анкара.
Осврнувајќи се на враќањето на Сиријците во нивната земја, Ердоган рече дека Турција го направи она што е правилно, морално и совесно во соседна Сирија. Тој додаде дека 133.000 Сиријци доброволно се вратиле во Сирија од Турција по падот на режимот на Башар ал Асад. Тој укажа и на решителните напори на Турција во борбата против тероризмот. „Турција е поблиску од кога било до трајно, конечно ослободување на нацијата од тероризмот, кој 40 години ја експлоатира крвта и ресурсите на народот“, заклучи Ердоган.