Првиот вицепремиер и министер за животна средина заедно со неговиот колега во Турција се договорија преку потпишување на меѓудржавен меморандум за соработка, двете земји да разменат искуства и тесно да соработуваат во одржливото управување со индустрискиот отпад, рударскиот отпад, опасниот отпад и медицинскиот отпад. Дел од соработката ќе вклучува и управување со домашните и индустриски отпадни води. Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска ја започна официјалната посета на Република Турција со многу важна средба со министерот за животна средина, урбанизација и климатски промени, Мурат Курум. На средбата со министерот Курум, Меџити разговараше за можностите за продлабочување на соработката во однос на справувањето со еколошките предизвици и искористување на турскиот модел на борба против аерозагадувањето, кој се покажа како многу успешен. Меџити и Курум се договорија преку потпишување на меѓудржавен меморандум за соработка, двете земји да разменат искуства и тесно да соработуваат во одржливото управување со индустрискиот отпад, рударскиот отпад, опасниот отпад и медицинскиот отпад.