47-годишен турски државјанин кој живее во Штип пријавил во полиција дека негов сонародник, студент во градот, го измамил при менување пари, давајќи му 71 фалсификувана банкнота од 50 евра, соопшти МВР.
. На 19.02.2025 во СВР Штип, 47-годишник од Република Турција, со живеалиште во Штип, во СВР Штип пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 3.550 евра. Според пријавеното, по претходен договор, на 18.02.2025 на студент од Република Турција со престој во Штип, во неколку наврати на сметка во банка му префрлил вкупно 134.851 турски лири и за возврат друго лице во Штип му дало 71 банкноти во апоени од 50 евра. Како што е пријавено, откако ги зел парите, се посомневал во нивната исправност и ги проверил во менувачница во Штип, каде што му било потврдено дека се фалсификат. Исто така, според пријавеното, тој стапил во контакт со лицето кое му ги дало парите и откако негирало дека му дало фалсисикат евра, тој со својот адвокат го пријавил случајот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од полицијата.