– Полскиот премиер Доналд Туск ги коментираше нападите во Украина што Русија ги изврши минатата ноќ во кои, според последните информации, загинаа најмалку 20 луѓе.
– Еве што се случува кога некој ги смирува варварите. Повеќе бомби, повеќе агресија, повеќе жртви. Уште една трагична ноќ во Украина, напиша тој на Х. Туск вчера објави дека сите мажи во Полска ќе поминат воена обука, што би можело да ја зголеми армијата од околу 200.000 на околу половина милион, создавајќи резерва што е „споредлива и соодветна на потенцијалните закани“. Полска, која граничи со Украина, исто така планира да потроши 4,7 отсто од своето економско производство за одбрана оваа година, што е најголем дел во НАТО алијансата.