По наредба на јавен обвинител С.В.М.(42), е задржана во полициска станица и против неа ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка. Полицијата ја пронашла жената која со својот автомобил во петокот попладнето удрила пешак на раскрсница во центарот на Скопје и побегнала од местото на настанот. По наредба на јавен обвинител С.В.М.(42), е задржана во полициска станица и против неа ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 31 Јануари во 17.30 часот во Скопје од страна на полициски службеници од СВР Скопје е пронајдена и лишена од слобода С.В.М.(42), затоа што истиот ден околу 14 часот на крстосница од булеварот „Кузман Јосифоски Питу“ и улицата „Бојмија“ со патничко моторно возило „цитроен“ удрила во пешакот А.М. (38) од Скопје и го напуштила местото на настанот без да укаже помош на повредениот. А.М. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му се констатирани телесни повреди. Извор: Новинска агенција МЕТА