Двајца жители на Охрид вчера биле уапсени откако биле пријавени дека украле пари од црква во селото Опеница, соопшти полицијата.
„На 16.02.2025 во 16.10 часот во охридското село Опеница, полициски службеници од СВР Охрид ги привеле Ш.С.(38) и С.Ш.(29), двајцата од Охрид, кои се сомничат дека претходно во црква во истото село извршиле кражба, при што одзеле пари. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.