Полицијата од Скопје вчера и денеска уапси две лица на возраст од 26 и 22 години, кои биле одговорни за работењето на два угостителски локали во скопски Центар каде се пуштало гласна музика за време на седумдневната жалост. Во Скопје, на 21/22.03.2025 година, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Ф.А.(26) од скопско и В.В.(22) од Скопје, поради основано сомнение дека сториле кривично дело по член 387 од Кривичниот законик.
Тие, како одговорни лица во угостителски објекти во Центар, пуштале музика за време на седумдневната жалост прогласена од Владата- соопштија од МВР. Оттаму велат дека по документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Владата прогласи седум дена на жалост минатата недела, по пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 59 лица, а над 150 се повредени.