Полицијата во Хертфордшир во соопштението информира дека Кајл Клифорд бил пронајден во областа Енфилд во северен Лондон. Би-Би-Си потврди дека убиените жени се семејството на познатиот коментатор на радио трки Џон Хант, неговата сопруга Керол Хант и нивните ќерки Хана и Луиз.
– По опсежната потрага, осомничениот е лоциран и никој друг не се бара во врска со истрагата во овој момент, изјави инспекторката Џастин Џенкинс од Единицата за теши злосторства во Бедфордшир, Кембриџшир и Хертфордшир.
– Ова останува неверојатно тежок период за семејствата на жртвите и би побарале да се почитува нивната приватност додека се помируваат со она што се случило, додаде таа