На 30.4.2025 во службена просторија на СВР Струмица во која биле присутни и други полициски службеници, при проверка на службениот пиштол кој требало да го раздолжи, А.Б. испукал еден куршум со пиштолот, соопшти полицијата. Уапсен е полицаец кој испукал куршум во полициската станица во Струмица.
„Вчера во 10.28 часот во СВР Струмица полициски службеници го лишиле од слобода А.Б.(52), полициски службеник, кој се сомничи дека сторил кривично дело Предизвикување општа опасност, по член 288 од КЗ. На 30.4.2025 во службена просторија на СВР Струмица во која биле присутни и други полициски службеници, при проверка на службениот пиштол кој требало да го раздолжи, А.Б. испукал еден куршум со пиштолот“, соопшти полицијата.