Полиција СТОП сообраќај сообраќајка Полиција лента / Фото: Драган Митрески По добиена пријава дека четворица малолетници во состојба на бесознание биле донесени на Клиниката за Токсикологија во тешка здравствена состојба, МВР од слобода го лишило 40 годишниот сопственик на објектот каде биле консумирани психотропни супстанци.
Настанот кај надлежните служби бил пријавен вчера околу 14 часот по што нивни екипи веднаш излегле на терен. Малолетниците биле пронајдени во дворон на куќата, сопственост на Д.Ѓ.(40) од Скопје. На местото на настанот биле пронајдени и остатоци од работи кои ги консумирале, за кои дополнително ќе се врши вештачење за да се утврди нивната содржина.
Малолетните лица со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Клиниката за токсикологија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Известен бил јавен обвинител, кој излегол на лице место. Во 16 часот полициски службеници го лишиле од слобода Д.Ѓ. Денеска во тек е увид под раководство на јавен обвинител и се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот.