Полицијата од Струга информира дека вчера изутрина на улицат „Боро Калајџиевски“ бил уапсен 36-годишен стружанец кој управувајќи мотор под дејсто на алкохол, излетал од патот.
-По преземени мерки, полициските службеници констатирале дека мотоциклот го управувал под дејство на алкохол, односно со 2,28 промили алкохол во крвта- велат од полицијата. Оттаму додаваат дека по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава за сторено дело „безобѕирно управување со моторно возило”.