– Во саботата наутро, Андре најпрво се возел до куќата на својата маќеа на Њу Порт Лејн во Левертаун и таму ги застрелал маќеата и неговата 13-годишна сестра. Во куќата имало уште три лица, меѓу кои и едно дете, но тие успеале да се скријат и да се спасат.
Убиецот потоа со автомобил се упатил кон куќата на својата поранешна партнерка, со која има две деца , каде убил и избодел едно лице кое било во куќата, изјави за американските медиуми надлежниот јавен обвинител.
По убиствата, Гордон побегнал од местото на настанот со сива хонда ЦРВ од 2016 година со регистарска табличка од Пенсилванија и налепница „Namaste“ со бели букви на десниот браник.