Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава за член од обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски, кој тргувал со информации и изнудувал пари со тие информации, дознава „Нетпрес“. Станува збор за Ангел Самараков од Велес. По извршениот претрес во домот на полицискиот службеник е констатирано дека во неговиот дом се наоѓа и дополнителен службен материјал. Tој е приведен и ќе биде изнесен пред истражен судија во текот на денот објави инфомах,мк. Овој службеник повеќе пати бил пријавуван кај внатрешната контрола, бил деградиран, а лично се жалел и во Државната комисија за спречување дискриминација. До април 2024 при СВР Велес тој работел како виш инспектор по имотни деликти, а од април како инспектор за увиди во крим техника. Веднаш по доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ тој е унапредден во лично обезбедување на премиерот Христијан Мицкоски. Инаку Самараков е и истакнат член на Синдикатот на полицијата па така неретко е на средби во просториите на Собранието на Република Македонија.на средби со пратеници од владеачката ВМРО ДПМНЕ со кој и споделил фотографии на фејсбук
МВР дури попладнево објави за вчерашното апсење на обезбеддувачот на премиерот.откако информацијата се појави на одредени портали. „На 30.03.2025, по претходно добиени сознанија за сторено кривично дело „оддавање службена тајна“ по член 360 од Кривичниот законик, од страна на полициски службеници од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во координација со ОЈО ГОКК спроведена е координирана полициска акција и реализирани се истражни дејствија за претрес на дом, возила и лица на подрачјето на СВР Велес. При спроведувањето на полициската акција и преземените мерки и активности, на паркинг просторот пред хотел во Велес, во возило “бмв” затекнати се А.С., полициски службеник во Одделот за заштита на определени личности и објекти и Б.К., а при извршен претрес во возилото пронајден е ранец со службени материјали од МВР и од лицата се одземени мобилни телефони, по што се лишени од слобода. Во рамки на акцијата, дополнително се извршени претреси на повеќе локации, при што се пронајдени и одземени електронски уреди, службени документи и други предмети релевантни за истрагата. Исто така, од преземените мерки и активности во процесот на проверка, ОВККИПС констатира дека полицискиот службеник постапувал спротивно на законските и подзаконските акти на Министерството за внатрешни работи, со што истиот неовластено поседувал службени материјали, нивно откривање на трети лица надвор од министерството, а со кои дејствија го извршил кривичното дело по член 360 од КЗ. Од страна на ОВККИПС до ОЈО ГОКК на 31.03.2025 година ќе биде поднесена кривична пријава против А. С., за кривично дело „оддавање службена тајна“ по член 360 од Кривичниот законик“.