Израелските одбранбени сили (ИД) објавија дека денеска убиле командант на Хезболах во напад со беспилотно летало во областа Набатиех во јужен Либан. Во нападот загина Аднан Харб, за кој израелската војска вели дека бил шеф на логистичкиот систем на Хезболах во регионалната дивизија Бадр, која е задолжена за областа северно од реката Литани, објави „Тајмс оф Израел“.
„Терористот работеше на пренос на оружје на либанска територија меѓу различни единици во организацијата. Неговите постапки беа јасно кршење на договорот меѓу Израел и Либан“, се вели во соопштението на ИД.