Инспекторатот на Општина Карпош упати јавен апел до сите сопственици на локали коишто вршат угостителска дејност – подготовка за послужување на храна и пијалоци и кафе барови, дека од вчера започна заедничка проширена контрола на овластените инспектори, па затоа треба да бидат подготвени на инспекторите да им ги покажат сите потребни документи за своето работење. Контролите ќе се спроведуваат во повеќе од 100 локали во Карпош, а при вршење на надзорот сопствениците или тие што работат во угостителскиот објект треба да поседуваат и покажат одобрение за вршење дејност, од одобрението за поставување урбана опрема, елаборат за поставување урбана опрема, тековна состојба, имотен лист за деловен објект, елаборат за заштита на животната средина, елаборат за заштита од пожари и доказ дека истиот е спроведен на лице место, лична карта на одговорно лице .
Овие документи треба да бидат подготвени и да ги поседуваат лицата кои управуваат или работат во локалот, како би можеле да ги приложат на инспекторите при вршење на надзорот. Тие треба да бидат фотокопија за потребите на инспекциската постапка. Притоа, контролите ќе се одвиваат врз повеќе од 100 локали на територија на Карпош, а за сите констатирани неправилности, инспекторите ќе издадат Решение за отстранување на недостатоци кои ќе треба да бидат отстранети во рок од 8 дена, како и прекршочен платен налог – информираат од Карпош.
Оттаму додаваат дека ваква инспекциска контрола последен пат била спроведена во 2024 година.