Претходно денеска, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги „осуди постапките“ на Даку и побара „релевантните институции да го истражат овој инцидент и да преземат соодветни дисциплински мерки за зајакнување на стандардите на однесување што се очекуваат од сите спортисти“.Паралелно со истрагата против Даку, УЕФА соопшти дека отвори истрага за расистичко и дискриминаторско однесување на навивачите кои од трибините во Хамбург го следеа вчерашниот дуел меѓу Албанија и Хрватска.
Во текот на второто полувреме од трибините на стадионот можеше да се слушне како дел од албанските и хрватските навивачи заедно скандираат „Убиј го Србинот“.Барање за поведување истрага во текот на денот дојде и од Фудбалската федерација на Србија (ФСС), чиј генерален секретар Јован Шурбановиќ не ја исклучи можноста српската репрезентација да се повлече од ЕВРО2024 доколку инволвираните страни во инцидентот не бидат соодветно казнети.