Швајцарската полиција уапси 72-годишен човек, по потекло Хрват од Босна и Херцеговина, Иван Т., под сомнение дека ги убил сопругата (68) и ќерката (49), пишува „Индекс“.Вчера рано утрото, жителите на Билах, град во близина на Цирих, повикале брза помош за жена која крвавела и барала помош од балконот на семејната куќа.
Швајцарските медиуми јавуваат дека локалното обвинителство побарало притвор за пензионерот. Соседите велат дека сцените биле ужасни. „Имаше вресоци и плачење. Половина час подоцна, полицијата го одведе. Ќерка ми погледна кон таа куќа во шест часот, се беше нормално. Во седум слушнала крици и лелеци. Половина час подоцна, таа видела како полицијата го одвела со лисици”, изјавила сосетка за швајцарските медиуми. Кантоналната полиција во Цирих вели дека најверојатно станува збор за семејна кавга која завршила трагично. „Низ вратата можеше да се види многу крв. Бевме истрауматизирани. Сцените беа страшни“, раскажува сосетката.