Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје денеска ќе ја одбележи 76-годишнината од основањето и прослава на патрониот празник Денот на светите Кирил и Методиј – 24 Мај. Според агендата на Универзитетот, свеченото одбележување почнува пред платото на УКИМ со положување цвеќе на споменикот на Светите Кирил и Методиј, додека во свечената аула на Ректоратот ќе бидат интонирани државната химна на државата, студентската химна „Гаудеамус“ и свечената химна на Универзитетот „Св.Кирил и Методија“ во Скопје.
На одбележувањето ќе се обратат ректорката на Универзитетот проф. д-р Биљана Ангелова и претседателот на Универзитетското студентско собрание Александар Николовски. Во рамки на свеченоста ќе бидат доделени награди на најдобро дипломираните студенти за учебната 2023/2024 година, доделување на наградата „26 Јули“ од средствата на Фондацијата „Франк Манинг“ за учебната 2023/2024 година. Свеченото одбележување ќе заврши свеченоста со уметничка програма на ФМУ – Скопје.