Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави доцна синоќа дека официјални лица од неговата земја и САД работат на склучување економски договор за да се осигураат дека тој е ефективен и праведен кон Киев. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во Вашингтон дека преговарачите се блиску до финализирање на договорот. Зеленски го отфрли првичниот предлог, кој се фокусираше на соработката во областа на минералите, велејќи дека тоа е „несериозен разговор“ и не е во интерес на Украина.
„Овој договор има потенцијал да ги зајакне нашите односи и, што е најважно, деталите мора да се договорат на таков начин што ќе се осигура дека ќе биде ефективен. Се надевам на исход, фер исход“, вели Зеленски. Тој ги даде забелешките по разговорот меѓу началникот на неговиот кабинет, Андриј Јермак и американскиот советник за национална безбедност Мајк Волц. Првиот договор Зеленски го одби, по што доби нова верзија. Инаку, Украина сака гаранции од САД, но и праведен и траен мир. Украинскиот разузнавач Кирило Буданов изјави дека прекин на огнот се очекува да има во 2025 година, но колку ќе биде траен и ефективен, не е сигурен. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари во 2022 година