“Долгиот Нептун” успешно ги поминал сите тестови и веќе бил користен во борба, неодамна изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. “Тоа е нова украинска ракета, прецизен удар. Опсегот е 1000 километри. Големо благодарам на нашите украински изумутели, производители и војска”, напишал тој на Телеграм. Зеленски не даде дополнителни детали за ракетата или нејзината цел. Аналитичарите, кои собираат јавно достапни информации, и медиумите објавија дека Украина погодила рафинерија за нафта во руската Туапсе на Црното Море, околу 550 километри од линијата на фронтот. Според регионалните руски власти, имало пожар во рафинеријата во текот на викендот. Експертите интервјуирани од страна на Дојче Веле веруваат дека понатамошниот развој на противбродската ракета Нептун Р-360 била користена во нападот. Украина работи на модификации на Нептун
Крстаречката ракета Р-360, развиена од дизајнерското биро Луч во Киев, е во служба на украинските вооружени сили од 2020 година заедно со системот РК-360МЦ, го штити брегот со откривање и уништување на непријателски бродови. Проектилот има 150-килограмска воена глава и опсег до 300 километри. Нејзината прва борбена мисија била во април 2022 година против руската фрегата “Адмирал Есен”. Набргу потоа, веројатно најзначајниот настан во војната помеѓу Русија и Украина се случил кога две од овие противбродски ракети го потопиле рускиот крстосувач “Москва”, во вредност од околу 750 милиони долари. Сепак, украинските дизајнери не застанаа дотаму и претставија уште една модификација на Р-360 во 2023 година. Таа може да погоди не само бродови, туку и копнени цели. Анонимен претставник на украинското Министерство за одбрана изјави за американскиот портал “The War Zone”, тој има опсег од 400 километри и може да носи воена глава со тежина од 350 килограми, 200 килограми