Ноќеска во период од два часа, полицијата извршила рација во кафеана на патот Тетово-Гостивар, при што се откриени повеќе жени-странски државјанки кои „го злоупотребиле туристичкиот престој“ во земјава, соопшти МВР.
Креативно студио со „Круг“: Цементот како материјал ни овозможи да истражуваме со формите и стиловите
„При контролата, поради злоупотреба на туристичкиот престој, односно престојување во земјава спротивно на целта, биле приведени пет странски државјанки од Р.Украина, Р. Србија и Р.Албанија, на возраст од 28 до 37 години. Тие биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка“, информираат од полицијата, без да прецизираат со која цел странските државјанки биле во државата, ако тоа не било туристичкото разгледување на убавините на Македонија.