Украинските вооружени сили со дрон ја гаѓаа територијата во близина на нуклеарната централа Запорожје (ЗНПП). „Дронот е неутрализиран на 300 метри од симулаторот на реакторот во близина на постројката „Г“ на нуклеарната централа Запорожје. Во нападот нема повредени и не е причинета материјална штета“, соопшти прес-службата на станицата, пренесува ТАСС.
За инцидентот биле известени инспекторите од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во нуклеарната централа.