Суровоста и нехуманото постапување кон воените заробеници честопати немаат граници, а за жал, светот повторно е сведок на тортурата што ја трпат воените заробеници
Овој пат, еден од украинските војници кој беше во руско заробеништво, ослободен при една од размените, го покажа своето тело и тврди дека за време на заробеништвото му биле направени страшни лузни, посочувајќи дека претрпел грозоморно физичко насилство.
Фотографијата на затвореникот,ја објави порталот Clash Report.
На фотографијата се гледаат длабоки лузни, траги од мачење и изгравиран натпис „Слава на Русија“ на телото на мажот.
„По размената, украинскиот воен заробеник го покажа своето тело покриено со бројни повреди и врежано со натписот „Слава на Русија““, пишуваат медиумите. Не беа обезбедени конкретни докази дека Русите ги нанеле овие повреди.
Украинските војници кои се враќаат дома од заробеништво тврдат дека се жртви на тортура, понижување, психичко и физичко насилство. Ваквите постапки претставуваат грубо кршење на меѓународното хуманитарно право, особено на Женевските конвенции, кои забрануваат тортура и сурово постапување со воените заробеници, се наведува во извештаите
Ослободен украински војник EPA-EFE/STRINGER
Украина и Русија на 9 јуни започнаа голема размена на затвореници, која ќе се одвива во неколку фази во текот на следните неколку дена. Ранети и тешко ранети борци, како и војници помлади од 25 години се враќаат дома.По првата рунда преговори во Истанбул, Украина и Русија извршија голема размена на затвореници по формулата „1000 за 1000“. Последната фаза од таа размена се одржа на 25 мај.Во Украина се вратија борците од единиците и одредите чии членови претходно не беа вклучени во списоците. Станува збор за војници од 46 различни единици.