Пратеникот од Украина, Олексеј Гончаренко изјави дека нападите врз Москва ја потврдуваат способноста на неговата земја да реализира „многу сериозни“ акции против Русија. Според неговите зборови, овој напад е „порака дека и ние имаме карти“, со што алудира на неодамнешното тврдење на американскиот претседател Доналд Трамп дека Русија има свои „карти“ во секоја мировна преговорна ситуација. Според него, Украина се обидува да обезбеди територијален интегритет, суверенитет и безбедносни гаранции на средбата со претставници на САД.
Инаку, нападот со дронови е најголем досега. Загинаа неколку лица, има материјална штета, а откако паднале делови од дрон на паркинг, изгореа 10 возила. Руските системи за противвоздушна одбрана успешно пресретнаа и уништија 337 беспилотни летала лансирани кон Москва и Московската област. Украина сака да покаже дека може да ја нападне Москва со 500 дронови без помош од САД. Украина денеска соопшти дека погодила нафтена рафинерија во близина на Москва и објект во рускиот регион Орел, кој е дел од системот на нафтоводот „Дружба“ за извоз на нафта во Европа.