Шестмина судии кои неодамна беа унапредени од Судскиот совет од Граѓанскиот во Апелациониот суд, може да не седнат во новите фотелји, откако судијата Андреј Димовски го оспори оценувањето на него како кандидат со тужба против Судскиот совет до Управниот суд.Постапката може да се врати на почеток доколку Управниот суд одлучи позитивно на тужба од судијата Андреј Димовски, кој смета дека не бил праведно оценет односно не му биле доделни соодветни поени за сите услови кои ги исполнува, објави „Алфа“.
Наведувајќи случаи од праксата на Европскиот суд за човекови права по вакви случаи, судијата Димовски бара Управен да да му ја уважи тужбата и да го поништи решението за негово оценување.„Начинот на непримена на прописите од тужениот, беше неисправен до тој степен што претставуца прекршување на позитивните обврски на државата која таа ги има преземено согласно член 6 од Европската конвенција за човековите права“ вели Димовски.Од Судскиот совет понудија контрааргументи – решението за оценување во декември 2023 година било донесено според законот од 2019 година, а Врховниот суд го укинал решението по приговор, а не по оценувањето на судијата, велат од највисокото судско тело.