Од група Професори во Гимназијата СУГС ,,Орце Николов” од Скопје, во врска со
противзаконските активности и неправилности во работењето, на сега веќе разрешениот
директор на Гимназијата- Митко Димовски.
Ја поднесуваме оваа претставка итно до Кабинетот и Градоначалничката на град Скопје,
за кривичните и противзаконски дејаниа кои беа спроведувани во нашата Гимназија,
злоупотреба на позицијата и кршењето на законот за Образование, од страна на сега веќе
разрешениот директор- Митко Димовски, во претходните седум години на неговото
директорување со Гимназијата.
1. Најпрвин Ве известуваме дека денес на 10.03.2025 година, во неколку класови за
време на изведување на наставата, од страна на некои од колегите професори, се
пуштени бланко листови за потпишување на учениците своерачно, каде после
потпишувањето на учениците им е соопштено дека потписите кои ги ставиле на
листот, се за подршка на разрешениот директор и за подршка да се врати на
функцијата.
2. Во исто време им е соопштено на учениците дека утре во текот на денот, за време на
наставата, ќе има прекин на наставата со протести од страна на учениците кои сакаат и
со губење на часови, за подршка за враќање на функција на разрешениот директорМитко Димовски. Истакнуваме дека ова е класична злоупотреба на малолетни ученици, во остварување на
политичка и лична корист за подршка на разрешениот директор- Митко Димовски,
организирана од мала група професори во Гимназијата, кои имале големи бенефиции во
текот на неговото директорување.
Цели два мандати на владеење на сега бившиот директор на Гимназијата- Митко
Димовски, беа проследени со финансиски скандали, зделки со поедини фирми од кои
корист имаше само лично тој, како и со злоупотреба на пари од буџетот, кои претежно
завршуваа во неговиот џеб или поделени со дел од вработените кои го подржуваа.
3. Целиот колектив веќе знае, за зделката која лично тој си ја направил со фирмата Forza
од Скопје, за закуп и користење на простории, салата и игралишта на училиштето, за
кои не е исплатен ниту денар на училиштето, а за што на една од седниците на
Училишниот одбор, директорот нон- шалантно го информирал УО дека долгот сега
затарел и нема правен основ за побарување на истиот, како и неможност да се тужи
фирмата и да се бараат парите од Forza за закупот на училишните простории! На сите
вработени ни е јасно дека парите се исплаќани лично на директорот- Митко Димовски
за сите овие години, лично на рака и без валидни трансакции што го прави делото
уште покривично. Инаку како е возможно тој и училишните служби, досега да
заборавиле да го покренат прашањето за исплата на парите за училиштето од страна
на фирмата Forza, за закупот на рентаните училишни простории??? Дел од колегите
тврдат дека имаат сознанија, дека парите фирмата му ги исплатила со купување на
стан за директорот- Митко Димовски, од страна на фирмата во Грција и дека е можно
купувањето на станот и да не е на негово име, туку да е на име на некој член од
неговото семејство. Како и да е, невозможно е фирмата долги години да рента и
користи простории во училиштето, каде сеуште во дворот на училиштето се наоѓаат и
нејзините рекламни табли и логоа, а тој и училишните служби да заборават дека
рентањето требало сукцесивно да се плати и наплати, а не наводно да се сетат кога
долгот застарел !!! Оваа криминална активност службите на градот Скопје можат
лесно да ја докажат и веднаш треба да ја расчистат и да поднесат Кривична пријава,
за сега бившиот директор Митко Димовски.
4. За злоупотреба на буџетските пари треба да се разгледаат и баснословните суми кои
многу често ги трошеше директорот на училиштето за време на неговото
директорување, за кречење и реновирање на училиштето, со по неколку милиони
денари секоја година.
5. Злоупотреба за сите овие години, постои и при организирање на училишните
екскурзии, кои се организирани тотално нетранспарентно и со кршење на законот,
при што се бирани агенциите со најскапи понуди за екскурзии, затоа што секако
провизијата која се добивала од овие најскапи понуди- била најголема! Секако во
целата зделка биле вклучени и дел од колегите професори вработени во Гимназијата.
Имаме информација дека многу често на седниците на Училишниот одбор, посебно
надворешните членови ја покренувале дискусијата како и на кој начин се бирани
агенциите за организирање на училишните екскурзии, дали се запазени законските
процедури во изборот и секогаш добивале ист одговор од директорот- Митко
Димовски, дека така решил Советот на родители и родителите на учениците!
6. Меѓутоа познато е дека Советот на родители на Гимназијата, не решавал ништо во
последните 5 години и воопшто не бил свикан Советот на родители во Училиштето, од
2020 година до денот на разрешување на директорот- Митко Димовски. Имено сите професори знаеме дека никогаш не е свикан Советот на родители во полн состав, со
претставници на родителите од сите класови за последните 5 години, туку директорот
сам своеволно си избираше по 8 претставници од родителите ( по двајца
претставници за секоја година) блиски до него, кои делуваа противзаконски и се
нарекуваа Одбор на родители, кои во договор со него интерно си одлучуваа кои
тројца претставници од родителите ќе ги кандидираат за членови на Училишниот
одбор, комплетно абстрахирајќи го Советот на родители како институција. Со тоа
директорот секогаш си обезбедуваше мнозинство во УО- од професорите од
Гимназијата кои воглавном тој ги предлагаше за членови на УО и тројцата родители во
УО, кој лично тој со неколку родители од т.н. Одбор на родители- си ги предлагаа и
ставаа како членови на УО.
7. Со тоа секогаш беа надгласувани надворешните членови на УО, делегирани од страна
на градот Скопје, за што тие во знак на револт, или скоро никогаш не гласаа за
одлуките на УО или ставаа свои забелешки во записниците. Поради вака нелегално
конституираниот УО, излегува дека сите негови одлуки последните 5 години се
нелегални и противзаконити, а директорот наместо да го спроведува законот и редот
во училиштето, бил тој што го потикнувал и спроведувал беззаконие! Со ова нашата
Гимназија е егзамплар за еклатантно кршење на Законот за средно образование, со
намерно блокирање и нефункционирање на толку важната институција- Совет на
родители, за остварување на нивните обврски и права во образовниот процес на
нивните деца и незнаеме дали воопшто постои друг ваков случај во државата?
8. Исто така имаме информации дека со некои од родителите кои биле членови на ова
приватизирано тело од страна на директорот- Одбор на родители, се вршени
префрлања на пари од државни и приватни фирми, како донации за Гимназијата, на
кои потоа им се губи секаква трага, поточно истите тие- директорот и родителите ги
злоупотребувале за свои цели! Како резултат на овие дејаниа никогаш законски не се
направени и потпишани завршните сметки во училиштето, како во сите други
нормални училишта, што Вашата инспекција може многу лесно да го утврди и докаже,
при проверка на документацијата.
Децата од овие родители кои биле членови на Училишниот одбор, како ученици биле
привилигирани и фаворизирани во однос на останатите ученици, се однесувале кон
останатите ученици како училиштето да припаѓа на нивните родители, при што
поради неснкциониран и толериран булинг од нивна страна врз останатаите ученици,
се испишувани многу деца од Гимназијата последните години, што исто така може да
се провери во деловодните книги.
9. Ја замолуваме градоначалничката и Кабинетот на град Скопје, да ги побараат сите
записници од Училишниот одбор- УО за последните 5 години, или најмалку за
последните две години, за да ги согледате сите аномалии и незаконското постапување на директорот Митко Димовски, претседателката на УО и секретарот на училиштето,
кои заедно со директорот требале и морале да го почитуваат законот, а не
перманентно да го кршат и да делуваат со параструктури и противзаконски, за
остварување на лична и имотна корист од својата функција.
10. Да не навлегуваме во другите перманентни кршења на законите и самоволие од
страна на директорот, во фаворизирањето и толерирање на колеги послушници,
многу од нив и гонети за кривични дела и кои не заслужуваат ни да се наречат
професори, или пак малтретирањето на останати колеги, кои совесно и самопрегорно
си ја вршевме работата, сите овие години.
– Ова е само мал дел од криминалите кои се правени од страна на разрешениот
директор на Гимназијата Орце Николов- Митко Димовски, за кои градот Скопје е
законски надлежен и обврзан да изврши надзор по сите наведени точки и наводи
наведени погоре и соодветно на утврдените противзаконски деанија на разрешениот
директор, да му се поднесат кривични пријави и најстрого да бидде казнет поради
кршење и неспроведување на менаџерскиот договор за раководење и менаџирање
на Гимназијата, од негова страна.
– Воедно имаме сознание дека одговорната инспекторка за секторот Образование во
градот Скопје, има блиска релација со разрешениот директор, при што Ве
предупредуваме да го имате ова во предвид, поради можно прикривање на докази
во текот на инспекцијата која по закон треба да ја извршите по оваа наша пријава, по
допрен глас.
– Поради негативните реперкусии кои може да ги имаме по нас професорите од
Гимназијата, кои решивме да ги споделиме со Вас овие направени криминали и
противзаконски активности од страна на разрешениот директор- Митко Димовски,
засега неможеме комплетно да го откриеме нашиот идентитет, што сигурно ќе го
сториме по спроведената инспекција и истрага од Ваша страна, Ве замолуваме за се
што е потребно и доколку требаат дополнителни информации, привремено да не
контактирате на овој маил.
За полесно докажување на сите овие противзаконски активности на разрешениот
директор- Митко Димовски, Ве замолуваме од Ваша страна да биде свикан Училишниот
одбор со сите негови членови, со Ваше присуство и во присуство на разрешениот
директор, со повлечени сите записници од седниците на УО пред Вас, при што полесно
ќе се разоткријат сите факти погоре изнесени, за незаконското постапување и
смисленото кршење на законите од страна на разрешениот директор, за остварување
исклучиво на лична и материјална корист од неговото директорување и менаџирање со
Гимназијата.