Уставниот суд поведе постапка за како што ги нарече судијата известител во овој предмет, Осман Кадриу, скандалозна одредба од Деловникот на Советот за јавни обвинители кои ги оспори обвинителката Ленче Ристоска, која им дава можност на членовите на Советот, од редот на обвинителите, по автоматизам да бидат позитивно оценети и да напредуваат иако нивната обвинителска функција е во мирување. Судиите едногласно го прифатиле предлогот на Кадриу да се поведе постапка, но не го прифатиле неговиот предлог за времена мерка, односно оваа одредба да не се применува уште од утре. Иако постојат исклучоци, Кадриу очекува за многу кратко време Уставниот суд или да ја укине или да ја поништи оваа одредба и таа веќе да не произведува правно дејство. Според него, ваквото оценување е апсурд и е во спротивност со целокупното позитивно право и Уставот.– Како може да се вреднува нивната работа и тоа позитивно, а оценката се однесува само за обвинителската функција и вршењето на обвинителската функција. Обвинителската функција и нивната работа се цени со позитивна и негативна оценка. Унапредувањето во кариерата се добива само за работните задачи и сработеното, а членовите ве молам додека се членови на Советот и правно и објективно и фактички и физички не работат како обвинители. Нивната функција е во мирување вршат други работи и не претставуваат квалификации на обвинителската дејност – рече Кадриу кој рече дека оваа пракса е скандалозна од аспект на правото и Уставот.
Одлуката тие сега ќе ја испратат до Советот, но тие не се обврзани на одговор и се очекува на некоја од наредните седници судиите да одлучуваат каква времена мерка ќе донесат. Откако поранешниот претседател и член на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски по завршувањето на неговиот мандат беше унапреден во Вишото јавно обвинителство, без оценување, а беше најгласен дека обвинителката Ленче Ристоска не може да напредува во Вишото обвинителство бидејќи била на трудничко отсуство, обвинителката пред Уставен суд го оспори оценувањето на членови на Советот на јавни обвинители. Во иницијативата е посочено дека оспорената одредба е во спротивност со Амандманот XXX од Уставот, членот 7 од Законот за Совет на јавни обвинители и членовите 36 и 62 од Законот за јавното обвинителство. Подносителката наведува дека за времетраењето на мандатот, членовите на Советот на јавни обвинители избрани од редот на јавните обвинители не вршат јавно-обвинителска функција и не може да бидат оценувани, односно тие во конкретниот период не може да реализираат „позитивно оценет јавно-обвинителски стаж”. -Се тврди дека станува збор за прашање кое не може да се уредува со Деловник, бидејќи изворно не е уредено со законски пропис, па се остава впечаток дека членовите сами си доделиле право и поволност кои Законодавецот не им го гарантирал. Од ова придобивка имаат самите членови кои по завршување на мандатот во Советот на јавни обвинители се унапредени во повисоки позиции во јавните обвинителства – се наведува во иницијативата на обвинителката Ристоска. Всушност Ристоска оспорува дека членовите на Советот на јавни обвинители не може автоматски да бидат позитивно оценети и да напредуваат по членувањето на Советот. Јолевски во октомври минатата година наместо да се врати во Основното јавно обвинителство Битола, тој откако му заврши мандатот како претседател и член на Советот е унапреден во Вишото јавно обвинителство Битола.
Ристоска го спори унапредувањето на членовите на Обвинителскиот совет откако Јолевски напредуваше без оценување. Откако поранешниот претседател и член на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски по завршувањето на неговиот мандат беше унапреден во Вишото јавно обвинителство, без оценување, а беше најгласен дека обвинителката Ленче Ристоска не може да напредува во Вишото обвинителство бидејќи била на трудничко отсуство, обвинителката пред Уставен суд го оспори оценувањето на членови на Советот … Продолжи со читање