20.8 C
Скопје
09/05/2025 12:24
МАКТЕЛ

     

Уставниот суд оформи 22 нови предмети во февруари

      

Во текот на месец февруари 2025 година поднесени се 17 иницијативи за оценување на уставноста на закони/делови од закони и 5 иницијативи за оценување на уставност и законитост на акти.  1. У.бр.13/2025 Оспорен акт: Член 3 и член 18 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување. Подносител на иницијативата: Тито Беличанец, Јадранка Мршиќ, Сузана Московска. Со членот 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување од 18 септември 2024 година, се вршат измени во членот 37 кои гласат „Во ставот 2 по зборот “претходи ”се става запирка и се додаваат зборовите: „објавени од Државниот завод за статистика”. Во случај кога порастот на трошоците на живот се со негативен предзнак, не се врши усогласување на пензијата.” Со членот 18 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување објавен на 18 септември 2024 година, се вршат измени во членот 37 кои гласат: Одредбите од членот 37 од овој закон не се применуваат во период од 1 септември 2024 година до 31 август 2025 година. На 1 септември 2024 година сите видови на пензии остварени согласно со овој закон заклучно со 31 август 2024 година се зголемуваат за 2500 денари. На 1 март 2025 година сите видови на пензии остварени согласно со овој закон заклучно со 28 февруари 2025 година се зголемуваат за 2500 денари.

Подносителите тврдат дека измените се во спротивност со суштината на пензискиот систем и на членовите 8 став 1 алинеи 3 и 6, членот 9 и членот 30 во врска со членот 34, член 51 и член 54 од Уставот на Република Северна Македонија. Се наведува дека пензијата не е социјална категорија, туку секој пензионер има остварено различна висина на пензија во зависност од тоа колку години и во која висина во Фондот за ПИОМ уплатувал придонеси и според подносителите  се прави дискриминација, на една категорија пензионери кои се со пониски пензии да им се исплатува поголем процент при покачување на пензиите, а на други помал процент или попрецизно, со покачувањето од 2500 денари, на секој пензионер му се зголемува пензијата со различен процент.  2. У.бр.14/2025. Оспорен акт: Член 104 од Законот за работни односи. Подносител на иницијативата: Санде Пејоски. Од наводите во иницијативата:  Подносителот тврди дека согласно оспорениот член, работниот однос на граѓаните стапува во сила кога ќе се исполнат условите за пензионирање, но и покрај тоа, во судската пракса работат адвокати кои веќе исполнуваат услови за пензија и застапуваат клиенти,  а судовите им признаваат адвокатски трошоци, иако според него тие немаат право на легитимација. Се наведува дека на тој начин се создава правна несигурност и нееднаквост помеѓу граѓаните.  3. У.бр.15/2025. Оспорен акт: Член 30 став 1 и член 30 став 2 од Законот за вршење на сметководствени работи Подносител на иницијативата:Јовица Јовевски

   

Од наводите во иницијативата: Подносителот наведува дека оспорените одредби предвидуваат обврска за задолжително присуство на семинарите организирани од приватните консалтинг куќи и тоа не претставува континуирано професионално усовршување, туку изнуда. Посебно се нагласува дека овластените сметководители кои завршиле Економски факултет своето образование го стекнале на високообразовна установа, акредитирана од страна на државата, каде има проверка на стекнатото знаење на начин што за секој предмет се полага. Истото се однесува и на стекнатите звања на последимпломски студии. Обврската сметководителите и овластените сметководители задолжително да посетуваат обука за континуирано усовршување и пред се на семинари организирани од приватни консалтинг куќи како обуки од информативен карактер каде не се проверува знаењето на учесниците, наместо пред акредитирани образовни установи, е спротивно на член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот, се наведува во иницијативата. 4. У.бр.16/2025. Оспорен акт: Закон за финансиските друштва, Законот за измени и дополнувања на законот за финансиските друштва и Правилник за начинот на вршење надзор над работењето на финансислките друштва. Подносител на иницијативата: Адвокат Александра Илиева-Милчова. Од наводите во иницијативата:  Подносителката наведува дека согласно законот, НБРМ е единствено надлежна преку својата каматна политика да упатува монетарни сигнали до банките и да влијае врз висината на нивните активни и пасивни каматни стапки. Според подносителката тие сигнали не може да ги упатува до финансиските друштва ниту да врши надзор на истите, бидејќи според неа, нивната поставеност е неуставна. Подносителката тврди дека со оспорените одредби се прави упад во уставниот поредок, спротивно на членот 60 став 2 од Уставот. 5. У.бр.17/2025. Оспорен акт: Делот „именувани од министерот” од член 177-г став 2 од Законот за заштита на децата и  ставот 10 од член 177-г од Законот за заштита на децата

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев. Од наводите во иницијативата: Подносителот наведува дека одредбите се спорни бидејќи се недоволно јасни и прецизни, што е во спротивност со владеењето на правото. 6. У.бр.18/2025. Оспорен акт: Член 175 став 6 од Законот за високото образование. Подносител на иницијативата: Александар Илиевски. Од наводите во иницијативата:  Подносителот тврди дека оспорената одредба предизвикува нееднаквост меѓу граѓаните, бидејќи се ограничува правото на избор во исто звање, на иста установа само уште еднаш на лицата избрани во звања асистенти, се нарушуваат правата на еднаквост и достапност на работно место. Се наведува дека се ограничува звањето асистент во споредба со други звања, бидејќи за другите звања нема такво ограничување, а некои се назначени дека нема ограничување за број на реизбор.  7. У.бр.19/2025. Оспорен акт: Закон за вршење на сметководствени работи. Подносител на иницијативата: Адвокат Александра Илиева-Милчова. Од наводите во иницијативата:  Подносителката наведува дека со оспорените одредби се наведува нова категорија на сметководител, овластен сметководител кој освен завршено средно или високо образование, за што таа тврди дека не прави разлика при определување на звањето сметководител. Подносителката наведува дека во оспорнениот закон на Институтот никаде не му е дадено својство на приватно образовна институција, ниту пак на јавно образовна институција и според неа е нејасно како Законодавецот му дал овластувања да спроведува испит со предмети, кои со закон не се предвидени.  8. У.бр.20/2025. Оспорен акт: Член 29 став 1 точка 3 од Законот за трговија. Подносител на иницијативата: Јован Стефановски. Од наводите во иницијативата:  Подносителот наведува дека спорна е одредбата која гласи „нарушување на домашниот пазар заради злоупотреба во прометот на одделни производи и стоки”, а се однесува на основи заради кои Владата може да прибегне кон пропишување на некоја или повеќе од наведените мерки со кои ќе го огранични вршењето трговија. Во иницијативата се тврди дека последните неколку години Владата исклучително често ја користи таа можност и донесува поединечни акти и на тој начин прави повреда на слободата на пазарот и претприемништвото,односно дека е во спротивност со членот 55 став 3 од Уставот, каде прецизно се наведени ситуациите, кога може да се пристапи кон ограничување. 9. У.бр.21/2025. Оспорен акт: Законот за изменување на законот за плати на судиите од 29.02.2024 година. Подносител на иницијативата: Ерол Абдулаи. Од наводите во иницијативата:

Подносителот на иницијативата тврди дека и покрај одлуката на Уставниот суд донесена од јануари 2024 година, да не поведе постапка, во меѓувреме се променети неколку околности, а за тоа посочува граѓански постапки за надомест на разлика на плата за месец јануари 2024 година, во кои е одлучено на тужителката да се исплати разлика за помала исплатена плата во нето износ од 15 115 денари, како и да изврши доплата на придонесите на тој износ. Притоа се наведува дека одлуката на Основниот суд Тетово, ја потврдува и Апелационен суд Гостивар, а во други судови и други судии имаат поднесено тужби со барања за помалку исплатена плата за јануари 2024 година. Според подносителот, со оспорените измени, утврдениот коефициент се намалува во 2024 година иако е стекнато право кое судиите го поседувале 17 години. Подносителот бара од Уставниот суд да направи соодветна процена, дали намалувањето на коефициентот кое се оспорува со предметната иницијатива следува како резултат на реални и објективни околности во државата или претставува само популистичка мерка. 10. У.бр.22/2025. Оспорен акт: Член 29 став 1 и 2 од Законот за трговија Подносител на иницијативата: Валентин Пепељугоски и Бојан Стоилков. Од наводите во иницијативата: Подносителот тврди дека оспорените одредби се спротивни на член 55 од Уставот, бидејќи според него, не е исполнета ниту една од четирите причини поради кои може да се ограничи слободата на пазарот и претприемништвото, а тоа се: одбраната на Републиката, зачувувањето на природата, животната средина и здравјето на луѓето. Се тврди дека Законодавецот со носење на оваа одредба директно ја прекршува слободата на пазарот и претприемништвото како темелна уставна вредност, бидејќи според него, воведува нови причини во член 29 од Законот за трговија, кои се надвор од предвиденото во Уставот. 11. У.бр.23/2025. Оспорен акт: Делот „Академијата за судии и јавни обвинители” од член 1 став 3 од Законот за Судскиот буџет. Подносител на иницијативата: Игорчо Точев, Љубица Стојковска-Перковска, Биљана Димовска, Евица Џајковска, Рољанда Доко, Атеме Муамеди, Анета Стевановиќ, Незаат Реџепи, Мирјанка Тренчевска, Иљбере Нухиу и Едвин Захитовиќ. Од наводите во иницијативата:  Подносителите тврдат дека оспорената одредба не е во согласност со Амандманот XXV од Уставот. Меѓудругото се наведува дека основниот профил на Судскиот совет кој се добива од Централниот регистар на Република Северна Македонија, евидира со шифра на претежна дејност 84.23, според Националната класификација на дејности и истата шифра е резервирана за „Судски и правосудни дејности”, а правната форма евидира под шифрата „01.9-Уставен суд”. Следствено на ова, се наведува дека Судскиот совет на Република Македонија е самостоен и независен орган на судството, па претходно наведената поставеност на Академијата за судии и јавни обвинители како дел од „Судската власт” е противуставно. 12. У.бр.24/2025. Оспорени акти: -Делот „обезбеди ликвидносна поддршка во исклучителни околности за банка” од членот 22 став 1 од Законот за Народната банка на Република Северна Македонија; -Член 22 став 4 од Законот за Народната банка на Република Северна Македонија; -Точки 37 и 38 од членот 2 од Законот за банките. Подносител на иницијативата: Игорчо Точев. Од наводите во иницијативата:  Подносителот наведува дека спорни се „исклучителните околности” под кои Народната банка може да обезбеди ликвидносна поддршка за банка во Република Северна Македонија, со цел одржување на стабилноста на финансискиот систем, што се одобрува во денари, а по исклучок во странска валута. Се наведува дека оспорената одредба од членот 22 став 4 од Законот за Народната банка е недоволно прецизна.  13. У.бр.25/2025

Оспорен акт: Ставот 2 член 57-г од Законот за девизно работење. Подносител на иницијативата: Игорчо Точев. Од наводите во иницијативата:  Подносителот тврди дека е беспредметно таква норма да постои, бидејќи според него, таа во примената упатува на самата себеси, а според содржината може да доведе до конфузија во примената. 14. У.бр.26/2025 Оспорен акт: Делот „не” од членот 63 став 3 од Законот за прекршоците и член 59 од Законот за прекршоците Подносител на иницијативата: Игорчо Точев Од наводите во иницијативата:  Подносителот тврди дека со оспорениот збор „не” постои можност органот самостојно да ја менува правната квалификација на прекршокот даден, како во барањето за поведување на прекршочна постапка, што може да доведе до неизвесност при воспоставување на нова состојба различна од онаа што ја дал како предлог подносителот на барањето за поведување на прекршочна постапка. 15. У.бр.27/2025 Оспорен акт:Членот 104-а од Законот за работните односи Подносител на иницијативата: Игорчо Точев, Љубица Стојковска-Перковска, Биљана Димовска, Рољанда Доко, Атеме Муамеди, Анета Стевановиќ, Мирјанка Тренчевска, Иљбере Нухиу (стручна служба при Управен суд Скопје) Од наводите во иницијативата:  Се наведува дека согласно овој член договорот за вработување, работодавачот го прекинува кога работникот ќе наполни 64 години возраст и 15 години пензиски стаж, доколку со закон не е е поинаку уредено, со исклучок на лице кое остварува права од работен однос врз основа на одлука за избор или именување од надлежен орган кое има право да побара да продолжи со вршење на функцијата и по исполнување на условите за старосна пензија, а најмногу до 67 години, со писмена изјава до органот кој го избрал/именувал. Подносителите тврдат дека оспорената одредба е во спротивност со членот 9 од Уставот кој уредува дека сите граѓани се еднакви пред Уставот и законите. 16. У.бр.28/2025 Оспорен акт: Делот „целост” од член 77 став 4 од Законот за акцизите Подносител на иницијативата: Игорчо Точев Содржина на оспорениот акт: Производите кои во целост или делумно содржат материи кои не се од тутун, но ги исполнуваат критериумите од член 78 став 1 или член 80 став 1 од овој закон се сметаат за цигари или тутун за пуштење.  Од наводите во иницијативата:  Според подносителите, спорен е делот „целост” бидејќи овозможува при прераспоредување на едно добро кое не е евидентирано или определено како акцизно добро да се определи како такво и да му се додели таква тарифна ознака и со тоа да стане акцизно добро и на така „новоопределеното акцизно добро” да се пресметува акциза која вообичаено не би се пресметувала, а е всушност оправдано доколку има позитивни имликации за граѓаните. 17. У.бр.29/2025. Оспорен акт: Делот „од први јули 2019 година” од член 113 од Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи. Подносител на иницијативата: Игорчо Точев Содржина на одредбата: Одредбите од членот 5 од овој закон кои се однесуваат на поимите дефинирани во точките 19 и 20 од членот 3 од овој закон за несогорлив тутун и електронска цигара ќе бидат употребени за определување на надоместок согласно со Законот за акцизите од 1 јули 2019 година.  Од наводите во иницијативата:  Подносителот тврди дека со Законот за акцизи кој се спомнува во содржината на одредбата, не се содржани одредби за „несогорлив тутун” и „електронска цигара”, додека во Законот за акцизи кој почнал да се применува од 29 мај 2019 година тие термини се содржани, па според него членот 113 од Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи се пропишува дека определувањето на надоместокот за „несогорлив тутун” и „електронска цигара” ќе се врши согласно Законот за акцизите од 1 јули 2019 година и може да доведе во заблуда.  Иницијативи со кои се оспорува и уставност и законитост на акти:  1. УЗ.10/2025

Оспорен акт: Одлука за промена на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти во Општина Тетово донесена од Советот на Општина Тетово под бр.07-766/4 од 24.04.2007 година. Подносител на иницијативата: Општинска организација на сојузот на борци од Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија 1941-1945 и граѓаните продолжувачи Тетово, преку овластено лице Љиљана Симовска, претседател на организацијата.  Од наводите во иницијативите:  Подносителот наведува дека Советот на Општина Тетово излегол надвор од своите надлежности со промена на имињата на улици и други инфраструктурни објекти, бидејќи според него тоа е прашање кое се уредува со специјалниот закон за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти, донесен од Собранието на Република Македонија во 2004 година. Се тврди дека Одлуката е донесена спротивно на член 5 став 2 од Законот, односно без претходна согласност од Владата. 2. УЗ.бр.11/2025 Оспорен акт: Одлука за посебни услови во трговијата на одделни стоки и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед, донесена од страна на Владата на 18 февруари 2025 година. Подносител на иницијативата: Јован Стефановски. Oд наводите во иницијативата: Подносителот наведува дека се практикува постојано носење на вакви правни акти поради стабилизација на пазарот во услови на високи цени наметнати како од производителите на храна и хемиски/козметички производи, така и од трговците на големо и мало и притоа во ниту една од одлуките не е содржана причината за донесување на конкретната одлука. Се тврди дека во отсуство на издржана анализа и без презентирани аргументи од страна на Владата, огромен број производители и трговци на големо и мало се соочуваат со предизвици во примената. Според подносителот, неразбирливо е на кој начин е утврдено дека станува збор за злоупотреби на пазарот и што ги прави прехранбените и дел хемиски/ козметички производи да имаат високи цени. Се наведува дека со оваа Одлука се прави упад во слободата на пазарното организирање, бидејќи според него е донесена и базирана на лична перцепција. 3.УЗ.бр.12/2025 Оспорен акт: Член 97 и член 98 од глава XI УСЛОВИ ЗА РАБОТА И ДЕЛУВАЊЕ НА СИНДИКАЛНАТА ОРГАНИЗАЦИЈА СОЛИДАРНОСТ од Колективниот договор на УЈП бр.01-4228/1(0102-4/1) од 12.07.2025 година. Подносител на иницијативата: Управа за јавни приходи, преку Елена Петрова, директор. Од наводите во иницијативата:

Подносителот на иницијативата тврди дека членот 97 е во спротивност со членот 37 од Уставот со кој е загарантирано остварување на економски и социјални права на граѓаните преку основаање на синдикати, но не и финансирање од страна на работодавачот кон синдикатот. Се наведува дека истата одредба е во спротивност и со Законот за УЈП според кој средствата од приходите се користат за осовременување и унапредување на опремата за работата на УЈП, како и за стимулирање на работата на вработените. Во иницијативата се наведува дека во неколку наврати синдикатот поднесувал барање за исплата на финансиска помош од сопствените приходи, со цел да бидат поддржани активностите на истата синдикална организација, и притоа тие средства биле одобрени и исплатени. Подносителот тврди дека оспорената одредба е во спротивност и со член 195 од Законот за работни односи, кој се однесува на дејствувањето на синдикатот, односно не се дозволува работодавачот да има надзор над основањето и дејствувањето на синдикатите. Наведено е и дека оспорената одредба е во спротивност со членот 57 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси, бидејќи според подносителот секое службено лице е должно да ги чува државните средства што му се доверени и со нив да располага на најекономичен начин, а се забранува средствата да се користат за приватни цели или да се даваат на друг на користење.  4. УЗ.бр.13/2025 Оспорен акт: Член 1, 2, 3, 4 и 5 од Одлуката за посебните услови за трговија на одделни стоки и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед бр. 50- 1909/4 од 18.02.2025 година донесена од страна на Владата.  Подносител на иницијативата: Валентин Пепељугоски и Бојан Стоилков. Од наводите во иницијативата: Подносителот наведува дека со производите кои се наведени во Одлуката, не се исполнети со закон предвидените услови, бидејќи на Владата и стојат на располагање други мерки. Се тврди дека Одлуката е спротивна на член 55 од Уставот бидејќи не е исполнета ниту една од четирите причини поради кои може да се ограничи слободата на пазарот и претприемништвото, а тоа се одбраната на Републиката, зачувувањето на природата, животната средина и здравјето на луѓето. Подносителот тврди дека Владата не се повикала на причините поради кои ја донела оспорената Одлука, поради што ја оценува како произволна и во спротивност со начелото на слободна пазарна економија. Наведено е дека во такви неутврдени околности се ограничува маржата во производството, трговијата на мало и големо за производите наведени во членот 1 од одлуката,следствено на кои на некои до 5%, 10% и на некои до 15% вклучувајќи ги сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец, како во трговијата на големо, така и во трговијата на мало. 5. УЗ.бр.14/2025  Оспорен акт: Делот „или посебен акт на работодавачот” од член 15 од Општиот колективен договор за јавниот сектор. Подносител на иницијативата: Игорчо Точев. Од наводите во иницијативата: Подносителот тврди дека оспорената одредба не допушта додатокот на плата за работна успешност на работникот да се утврди врз основа на критериуми на работодавачот, кои ќе се однесуваат за квалитет и обем на извршената работа, креативност, инвентивност, продуктивност, економичност и заштеди во процесот на работење и користење на средствата за работа и на работното време и други мерила, освен со закон и колективен договор. Според наводите, определбата да се дозволи тоа да се врши со „посебен акт на работодавачот” и остава можност за арбитрерно да се пропишуваат критериумите, без притоа да постои основ во законот, со што се нарушува правната сигурност на граѓаните.

    

Најново

Здружение на класични филолози „Антика“: Државен натпревар по класични јазици

Sase Ivanovski

СДСМ: Максим Димитриевски си ги сруши сите изборни ветувања со еден корупциски скандал – тој е минато

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода крадец во Струга за издржување казна затвор од две години и девет месеци

Sase Ivanovski

Герасимовски: Фотоволтаиците на ООУ „Киро Глигоров“ чекор до енергетски независен Центар

Sase Ivanovski

Филипче: Да го продолжиме патот на мирот, соработката, слободата и солидарноста

Sase Ivanovski

Трамп повикува на „безусловно“ 30-дневно примирје меѓу Русија и Украина

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Пропагандни видеа се шират на Фејсбук: Москва е рајот, а европските метрополи пеколот!

Sase Ivanovski

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне и во текот на ноќта дожд

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Драматична потера по напаѓачот од Штип пред Скопје – полицајците пукале откако ја пробил рампата кај Миладиновци

Sase Ivanovski

Секој четврти Британец смета дека Трамп е поопасен од терористичките организации

Sase Ivanovski

САД по прекинот на струја на аеродромот Њуарк ќе го модернизира системот за контрола на летање

Sase Ivanovski

Кошта идната недела тргнува на турнеја по Западен Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манчестер јунајтед и Тотенхем закажаа финале во Лига Европа

Sase Ivanovski

Србија: Гимназиски професор кој ги навредуваше студентите стана државен секретар

Sase Ivanovski

Мерц ќе воведува вонредна состојба за да ја спречи масовната миграција во Германија

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова упати честитка до новиот папа Лав Четиринаесетти

Sase Ivanovski

Томовски: Ако сакаме да бидеме сериозна држава треба да имаме соодветен владин авион

Sase Ivanovski

Димитриевски до Филипче: Самопрогласениот лидер да се занимава со себе и да види да не му се распадне зградата на Бихаќка

Sase Ivanovski

ЗА ВЛАДИНИОТ АВИОН ВЕЌЕ НЕМА РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ Соседните држави не собираат со нивни летала

Sase Ivanovski

(Видео): Овие документи потврдуваат голем скандал во Куманово – Димитриевски и Митевски, со поддршка на ДУИ, заработиле 350.000 евра!

Sase Ivanovski

БИЛ ГЕЈТС ОБЈАВИ КОМУ ЌЕ ДОНИРА 107 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ Си даде рок од 20 години

Sase Ivanovski

Венс: Не би рекол дека Русија не сака прекин на војната, ама тие бараат премногу

Sase Ivanovski

24 Отворено – Политичка драма на повеќе фронтови

Sase Ivanovski

Вин-Вин: Кој е мастер планот за кого игра Таравари? – Интервју со Зијадин Села

Sase Ivanovski

Вучиќ: Остварив многу срдечни средби со разни лидери

Sase Ivanovski

Кога ќе профункционираат спортските објекти во Прилеп ?

Sase Ivanovski

Претрес на адвокатот на Кешишев: Како царот Палчо ги разочара поданиците, по убиствата на Вања и Панче

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова: Саемот на книгата е обид за културен натпревар на народите

Sase Ivanovski

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Крвавата пресметка ги вознемири штипјани

Sase Ivanovski

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Леоне XIV

Sase Ivanovski

Костадинов: Ќе ги рушиме угостителските објекти кои не исполнуваат стандарди!

Sase Ivanovski

„Прв американски папа, каква чест“: Трамп му упати честитки на новиот понтиф

Sase Ivanovski

РУСКА САЛАТА ОД ИЗГОВОРИ Еден по еден му откажуваат гостите на Путин

Sase Ivanovski

Прв говор на новиот папа: На човештвото му е потребен Христос како мост до Бога и неговата љубов

Sase Ivanovski

Новиот владин авион ќе нè чини од 20 до 50 милиони евра, ако сме сериозна држава, треба да имаме соодветно летало“, вели Томовски

Sase Ivanovski

Касами: Таравари ќе биде министер „уште некој ден“

Sase Ivanovski

Американецот Роберт Превост е новиот папа

Sase Ivanovski

(Видео) Пукање во Штип, едно лице убиено, нема информации за повредени

Sase Ivanovski

Родители на починатите во „Пулс“ со писмо до јавноста: Оваа трагедија е масовно убиство и загрозување на човековите животи и безбедноста. Бараме  правна разрешница и одговорност од сите инволвирани лица и институции

Sase Ivanovski

Ворен Бафет на 94 годишна возраст е горд што сè уште е жив со секојдневно јадење на брза храна и пиење кока-кола

Sase Ivanovski

Од ЕКВ и Дисциплина Кичме до Аца Лукас и Мира Шкориќ – „Коцка је бачена“ во МКЦ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филмски факт: Хероината на „Исправи се, Делфина“ меѓу реалноста и фикцијата

Sase Ivanovski

Новата сликовница „Девојчето со форичката“ ги едуцира децата за справување со емоциите

Sase Ivanovski

Утре еко час во „Лазо Ангеловски“ организација УНИЦЕФ и на Шведска

Sase Ivanovski

Изречена е казна затвор од една година за ширење расистички и ксенофобичен материјал кон ЛГБТИ заедницата како припадници на маргинализирана група

Sase Ivanovski

Нова продукциска куќа зад „Д-фест“, фестивалот останува во Дојран

Sase Ivanovski

Медицинска опрема вредна 18,6 милиони евра фаќа прашина по болниците бидејќи нема кој да ја користи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Во завршна фаза е набавката за новите 120 автобуси, јавниот долг под просекот на ЕУ, се решава недостигот на човечки ресурси во болниците

Sase Ivanovski

Димовска- Касталди: парламентарните служби се клучни за демократија

Sase Ivanovski

Средба Гаши – Фонтана во Рим

Sase Ivanovski

Порака од Рим: Без интеграција во ЕУ на Балканот, ризикуваме создавање на географски вакуум

Sase Ivanovski

Од Скопје до Вол Стрит: Prime Capital by Adora — првата инвестициска консултантска компанија основана со македонски капитал со акредитација во САД

Sase Ivanovski

Томовски: Бројот на општини кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги освои нема да биде само повторен, туку ќе биде и зголемен

Sase Ivanovski

Томовски: СОЗР со неколку нови проекти во интерес на државата и граѓаните

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Скопската полиција на лице место фати криминалци кои краделе во објектите на поранешна Железара

Sase Ivanovski

Вооружени крадци уапсени во кругот на поранешна „Железара“, со пиштоли им се заканувале на вработени

Sase Ivanovski

Гостиварец извадил нож при кавга во продавница, сега ќе одговара

Sase Ivanovski

Газда на фирма од Гостивар ќе одговара за смртта на работник од Бангладеш

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Скопјанец снимен од камера како краде засадено декоративно растение

Sase Ivanovski

Adora Business Group: Со особена гордост го најавуваме новиот стратешки потфат на Adora Business Group — лансирањето на Prime Capital powered by Adora, инвестициска консултантска компанија со седиште на Wall Street во Њујорк, меѓу највлијателните финансиски институции во светот

Sase Ivanovski

Мистерија околу исчезнувањето на 28 годишниот Миле Тодоров

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Хаос во Париз по победата над Арсенал

Sase Ivanovski

Филипче за можна коалиција со ДУИ и Таравари: Ќе разговараме со сите политички партии

Sase Ivanovski

Ангеловска-Бежоска на Kонференцијата на Светската банка: За повисок раст најважно е да се зголеми продуктивноста којашто е околу половина од европската

Sase Ivanovski

Коцевски: Можно е проширување на истрагата за „Пулс“

Sase Ivanovski

Апелација со повисоки казни за обвинетите во „Ласкарци“, сопственикот на „Дурмо турс“ наместо 4 години ќе лежи во затвор 10 години

Sase Ivanovski

Муцунски: Посветени сме на реформите, но очекуваме и Брисел да го исполни она што го вети кон Западниот Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Виктор Грозданов: Извини господине Ахмети ќе се соочиш со вистината која се вика опозиција

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода албански државјанин на Граничен премин Блато поради нудење поткуп

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ поднесе предлог Закон за поддршка на настраданите во трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

(ФОТО) Голем интерес за селекција на отпад во Охрид: Комплетирана иницијативата за селекција како дел од РСУО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дамир Пух со нов инструментален сингл – „Saffron Skies“

Sase Ivanovski

(ФОТО) Средба на заменикот генерален секретар Ѓошевски со специјалната пратеничка на финското Претседателство со ОБСЕ

Sase Ivanovski

Средба на потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски со претставници од Секретаријатот на Партнерството за отворена власт

Sase Ivanovski

(ФОТО) Герасимовски: Ја отворивме првата градинка во Пролет по 50 години, за најмилите, за нашите дечиња

Sase Ivanovski

Максим Димитриевски: Цел на лагите на СДСМ не сум јас, туку ЗНАМ, како најбрзорастечка партија во Македонија

Sase Ivanovski

Дурмиши: Мерките на Министерството за економија и труд даваат резултат, цените на храната се стабилизираат, посветено работиме на заштита на животниот стандард

Sase Ivanovski

(ФОТО) Филипче: Градинката „Пролет“ е пример како треба да изгледа модерно Скопје – спротивно од кичот на Скопје 2014

Sase Ivanovski

Павле Арсоски Движење ЗНАМ – За наша Македонија во Крушево и Демир Хисар

Sase Ivanovski

(ФОТО) Максим Димитриевски во Долнени и Прилеп: Верувам во политиката што произлегува од теренот

Sase Ivanovski
Вчитувам....