Утре во 17 часот ќе се одржи уште еден протест на булеварот Партизански одреди, кај Универзална сала, на местото каде беше прегазена Фросина Кулакова од Неготино, додека поминуваше пешачки премин. Организаторите велат дека повикуваат на изразување граѓански револт затоа што случајот со Фросина не е изолиран, се повторуваат истите случаи на неконтролирано возење со години, се повторува неказнувањето и недолжното згаснување животи.
Системот ги отфрла децата и младите кои поради недоволна грижа го избираат погрешниот пат. Институциите не се координирани и тоа доведува до млади кои не ја добиваат потребната поддршка за да бидат активни чинители во општеството. Тој недостиг од поддршка резултира со сѐ почести фатални последици. Протестот има за цел да адресира три главни проблеми:
нефункционалност на системот за заштита на децата и младите кои се во судир со законот, недоволна безбедност во градовите и глорификација на девијантно однесување, се наведува во објавата за протестот.