Русија и САД планираат да разменат по девет затвореници како дел од новиот договор за размена, соопшти Кремљ, пренесе ДПА. Рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп за ваквиот договор разговараа за време на денешниот двочасовен телефонски разговор, изјави советникот за надворешна политика на Кремљ, Јуриј Ушаков за руските медиуми. И покрај тековните политички тензии, Москва и Вашингтон продолжуваат да вршат размена на затвореници.
-Ова е важна хуманитарна иницијатива, рече Ушаков. Советникот на рускиот претседател го опиша разговорот меѓу двајцата лидери како конструктивен и отворен, додавајќи дека траел два часа и пет минути