Во декември минатата година, дискотеката „Пулс“ била не била „пломбирана“ од Управата за јавни приходи, но она што можеме да го потврдиме е дека за овој објект е изречена казна за сторен прекршок во декември 2024 година, согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања, информираат денеска оттаму.
„Апелираме да не се шпекулира со информации и да не се изнесуваат информации кои не се потврдени од истрагата, вклучувајќи ги и информациите кои произлегуваат од законските надлежности на УЈП, имајќи предвид дека целокупната јавност е потресена од овој трагичен настан.
„Пломбирање, за кое се шпекулира во јавноста е извршено кај друг угостителски објект (со друг назив) кој бил предмет на контрола и за кој изречена привремена забрана за вршење на дејност од 15 дена во периодот јули 2023 година, по претходно извршени контроли од УЈП согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања. Кај должникот обврзник „ММММ Кафе ДООЕЛ“ во неколку наврати во период од крајот на 2022 година се реализирани постапки на извршување на неплатен долг со блокада на сметка и долгот е наплатен, по што сметката по автоматизам се деблокира од банката. Но, од август лани, постапките за извршување на долгови, се активни заради наплата од средства на должникот во банките по повеќе основи (даночни долгови и плати)“, појаснуваат од УЈП. Оттаму рекоа дека институцијата соработува со надлежните органи за да се обезбедат потребни докази и информации за потребите на истражните и кривичните постапки.