Споредбената анализа на Управата за јавни приходи на податоците за прометот во осум поголеми синџири на маркети во Македонија покажа дека вчера во однос на петокот пред една недела, забележан е пад на вкупниот промет за 46,59 отсто. Вчера, во однос на завчера, пак, според УЈП, во осумте поголеми ланци на маркети е забележан пад на вкупниот промет за 46,29 проценти. Анализата е направена според податоците од системот за регистрирање на готовински промет (GPRS) за деновите 24, 30 и 31 јануари. Во петок, 31 јануари, до полноќ, во GPRS системот на УЈП е регистриран вкупен промет во износ од 114.293.367 денари. На 30 јануари таа бројка беше 212.782.151 денар. Во петокот на 24 јануари вкупниот промет бил 213.985.705 денари.
-Да излегоа на терен сите институции, повеќе информации би имал од понеделник, но можам да кажам дека се наоѓаме буквално во сите поголеми супермаркети и се прави детална анализа. Повеќе информации ќе можам да споделам со јавноста од понеделник. Но, можам да кажам дека делот од она што бевме загрижени, односно нашите стравувања стануваат вистина и реалност, така што делуваме и ќе продолжиме да делуваме. Како Влада имаме обврска да го штитиме стандардот на граѓаните – изјави Мицкоски.