Пелистер е највисокиот од сртовите на Баба планина и околните планини со кои е омеѓена родната Пелагонија, најголемата македонска житница. Под Пелистер е Битола и рангирањето за 2024 година покажа дека останува да биде економски центар на Пелагонија. Битола, градот на конузлите, градот на културата, најголемиот град во југозападна Македонија, најголемата македонска житница, се уште и најголемиот производител на струја. Порано голем и силен македонски индустриски град, а ние што станувавме тинејџери па и адолесценти во независна Македонија го паметите како најголем економски, културен, особено спортски и образовен ривал на Скопје. Низ годините работите и економските прилики се менуваат. Драстично. За некого на подобро за друг не баш на добро. Како и да е Битола повеќе не е индустриски центар како што бил, а веќе ниту од далеку не е ниту економски ниту политички ривал на Скопје. Воедно Битола повеќе не е ниту неприкосновен и најголем производител на струја од блоковите на РЕК Битола што всушност е и основата на битолската макро економија.