Попладнево на Берзата помина блок трансакција со акциите на компанијата „Еленица“ Струмица, која се занимава со производство на цигли и ќерамиди, а која на домашната јавност и е позната по тоа што му припаѓа на семејството Заеви, на поранешниот премиер од СДСМ, Зоран Заев.Според информациите од Берзата, попладнево поминала блок трансакција во копја се продадени 24.999 акции на компаниојата „Еленица“, и тоа за сума од 240 денари по акција.
Односно, целата вредност на трансакцијата изнесува безмалку шест милиони денари, што, пак, е рамно на 97.557 евра.Ако се провери колку акции има воопшто издадено „Еленица“, тоа се токму 24.999 акции, што значи дека преку Берзата вчера се продаде целата компанија „Еленица“ на семејството Заеви, за сума од безмалку 100 илјади евра.
Во изминатава година, немало тргување со акции на оваа струмичка компанија.На Централниот депозитар не може да се види кои се точно сопственици на компанијата, бидејќи за тоа не ги исполнува условите.Но, според податоците од Централниот регистар, станува јасно дека Еленица е компанија на семејството Заеви, бидејќи Вице Заев, брат на Зоран Заев, е член на Управниот одбор на компанијата, додека, пак, претседател на Управниот одбор на компанијата и генерален директор со неограничени овластувања е Трајче Заев, братучед на поранешниот македонски премиер.
Впрочем, и Зоран Заев, а и Вице Заев, во нивните јавни настапи, не криеја дека ова семејство ја има во своја сопственост „Еленица“.Инаку, Еленица минатата година имала остварено приходи од 185 милиони денари или тоа е рамно на 3 милиони евра, додека, пак, нејзината добивка е 20 милиони денари, или над 325 илјади евра, според податоците од ЦР. Ова е зголемување на добивката за 170 отсто во однос на 2022 година, но сепак, треба да се истакне дека Еленица во некои претходни години имаше и многу поивисоки суми на профити. ВМРО-ДПМНЕ, кои тоагаш беа во опозиција, обвинуваа и дека Еленица успеала да земе државна помош, заедно со другите домашни фирми погодени од корона кризата.