Вчера беше објавено дека на Универзитетот на Рамиз Мерко во Струга ќе почне со работа факултет за здравствени науки, што придонесе за многу реакции од јавноста, а една од причините е дека Мерко е ставен на црна листа од страна на САД. Од коалицијата ВЛЕН, Универзитетот го нарекоа како „печатница“ за дипломи на високи функционери на ДУИ.
Приватниот Факултет се уште нема акредитација, а на веб страницата веќе се поставени условите за упис. Сепак, студиските програми не се одобрени, потврди и министерот за образование Јетон Шаќири.Овој факултет аплицирал со само една наставна програма за медицински сестри и техничари, три годишни студиии и 180 кредити. Според Шаќири не е спорно што факултетот аплицирал за акредитација за усовршување на медицински сестри. Не гледа ниту судир на интереси што токму факултетот каде што тој предавал сега треба да добие одобрение од МОН за здравствени студии.