САКАМДАКАЖАМ.МК во саботата на 13 април објави текст дека дрвените куќарки се затворени, никој не ги користи и иако одамна поминаа новогодишните празници тие уште стојат на плочникот. Куќарките беа поставени десет дена пред Нова година и на нив се продаваат новогодишни украси и пијалоци.На дел од улиците од Скопје сè уште висат и новогодишни украси. Поголемиот дел беа тргнати во март, но дел се заборавени.
Лани градот беше украсен на десет дена пред Нова година, а украсите од улиците почнаа да се вадат дури во март. Одговарајќи на критиките дека градот доцна беше украсен, градоначалничката Данела Арсовска кажа дека во 2024 година ќе се накити уште во септември.За новогодишното украсување во Град Скопје влезе Финансиската полиција за да провери кој го платил, бидејќи не беше распишана јавна набавка, ниту јавен повик. Досега од Финансиската полиција не е поднесена кривична пријава, ниту се кажува што открила истрагата.