Вчера околу 18.10 часот од страна на полициски службеници во скопското село Горњани, сопрено е патничко моторно возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од дваесет и шестгодишниот А.К., а сопатник во возилото бил дваесет и петгодишниот А.И., двајцата од скопското село Блаце.
„При преглед во возилото пронајдени се огревни дрва, без документација. А.К. и А.И. се приведени и возилото и дрвата се одземени. Известена е шумската полиција и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираат од МВР.