Данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен оваа недела ќе се сретне со американскиот државен секретар Марк Рубио, објави денеска „Фајненшл тајмс“. Повикувајќи се на извори, ФТ јавува дека средбата се планира да се одржи на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел, кој треба да започне во четврток. Неименувани официјални лица, сепак, предупредија дека настанот може да биде откажан поради тензиите меѓу САД и Данска поради претензиите на американскиот претседател Доналд Трамп за Гренланд, автономна територија на Данска.
Данската премиерка Мете Фредериксен од утре до четврток ќе го посети Гренланд, каде што ќе разговара со официјални лица, само неколку дена по посетата на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс. Инаку, Венс ја обвини Данска дека не ја обезбедува адекватно безбедноста на островот и предложи САД подобро да го заштитат Гренланд, пренесува Танјуг.