февруари 2025 #Скопје #🇲🇰 • Унгарската авиокомпанија „Визер“, од 9 март ја укинува линијата Скопје – Будимпешта. Од јануари годинава, авиокомпанијата веќе престана да лета за Салцбург и Бремен, а ги укина и летовите за Келн, Копенхаген и Стокхолм-Скавста. Од компанијата не соопштија зошто ја укинуваат оваа линија, а не е познато ни дали ќе биде вратена со зимскиот ред на летање. „Визер“ доби субвенции од Владата за нови летови до Лион, Барселона и Штутгарт, кои веќе се достапни за резервација. Министерството за транспорт објави нов јавен повик за субвенционирани авиолинии, со цел да се намали зависноста од една авиокомпанија. Оваа компанија во моментов држи помеѓу 50 и 60 проценти од целиот авиосообраќај на двата македонски аеродрома.
View this post on Instagram