Претседателот на ФТК, Ендру Фергусон, сака да ги насочи ресурсите на агенцијата кон случаи кои се совпаѓаат со агендата на Доналд Трамп, како на пример истрага дали огласувачи се договарале за да трошат помалку пари на платформата Икс. Федералната трговска комисија на САД се откажа од случајот со кој се обидуваше да ја блокира аквизицијата на компанијата Мајкрософт вредна 69 милијарди долари врз компанијата „Activision Blizzard“, производителот на франшиазата „Call of Duty“, со образложение дека продолжувањето на процесот против одамна завршената зделка не е во јавен интерес, пренесува Гардијан. Претседателот на ФТК, Ендру Фергусон, сака да ги насочи ресурсите на агенцијата кон случаи кои се совпаѓаат со агендата на Доналд Трамп, како на пример истрага дали огласувачи се договарале за да трошат помалку пари на платформата Икс.
Претседателот на Microsoft, Бред Смит, во четвртокот изјави дека одлуката на ФТК да го повлече случајот претставува „победа за гејмерите низ целата земја и за здравиот разум во Вашингтон“. Фергусон почна да ги укинува некои иницијативи започнати од неговата претходничка Лина Кан, вклучувајќи и повлекување на случајот против PepsiCo, кој ја обвинуваше компанијата за ценовна дискриминација во корист на Walmart. ФТК изгуби жалба на 7 мај со која се обидуваше да ја поништи одлуката на судија кој одби да ја блокира зделката меѓу Microsoft и Activision, која беше затворена во 2023 година. Кога оспорува ново спојување, ФТК обично бара од судот привремено да ја блокира зделката за да добие време да ја оспори во својот административен суд. Но, зделките кои се привремено блокирани често се напуштаат.
Иако ФТК ја загуби битката за привремено блокирање на аквизицијата на Microsoft, агенцијата можеше да се обиде да ја поништи зделката на судење кое беше закажано за јули. Зделката со Activision Blizzard претставува најголемата аквизиција во историјата на видео-игрите. ФТК тврдише дека со оваа спојување, Microsoft ќе може да ги потисне конкурентите на конзолата Xbox, како и на неговите претплатнички и облачно-базирани гејминг услуги. Извор: Новинска агенција МЕТА