Кометата, која последен пат можеше да се види од земјата во ерата на неандерталците, повторно се појави на небото, а астрономите велат дека во догледна иднина би можела да се види со голо око. Астрономите ја открија кометата Ц/2023 А3 (Цучиншан–Атлас) на почетокот на минатата година, а се претпоставува дека таа прави круг околу Сонцето по издолжена патека на секои 80.000 години.
Д-р Грегори Браун од Кралската опсерваторија Гринич вели дека кометата доаѓа од облакот Орт, кој се наоѓа веднаш надвор од орбитата на Нептун. „Тоа е голем, сферичен регион околу Сонцето кој содржи ледени остатоци од времето кога Сончевиот систем само што се формирал“, рекол Браун. Минатиот месец кометата беше најблиску до Сонцето, а се очекува најблиску до Земјата да биде околу 13 октомври.