Не сум слушнал за друг сличен феномен на нашата планета, една држава да биде толку несигурна во својот идентитет, јазик и култура што мора да моли друга земја со политичка одлука на законодавно тело да ѝ ги признае јазикот, културата и идентитетот, вели Ковачев.Феномен е да бараш од друга држава да ти го потврдува идентитетот, вели бугарскиот европратеник Андреј Ковачев коментирајќи ја резолуцијата која ја донесе Бундестагот во Германија во врска со македонскиот јазик, култура и идентитет.
– Проблемот, поточно чудниот феномен е што тие се молат кај друга држава со одлука во парламентот да признае дека постојат македонскиот јазик, култура и идентитет. Не сум слушнал за друг сличен феномен на нашата планета, една држава да биде толку несигурна во својот идентитет, јазик и култура што мора да моли друга земја со политичка одлука на законодавно тело да ѝ ги признае јазикот, културата и идентитетот – вели Ковачев.
Европратеникот им се заблагодари на колегите од германските партии ЦДУ и ЦСУ кои не ја поддржа Резолуцијата.Според Ковачев проблемот не лежи во модерниот македонски идентитет, туку во фактот што Македонците сакаат да покажат дека имаат континуитет различен од бугарскиот во историјата и во идентитетот.
– Ова е основата на нашиот проблем,од таму доаѓа дискриминацијата и говорот на омраза и сите проблеми што ги имаме. Тоа не се билатерални проблеми, тоа се проблеми поврзани со основните човекови права и европските вредности. Повторно ги повикувам и власта и опозицијата во РСМ да покажат смелост и храброст и да не го продолжуваат моментумот од времето на Титова Југославија. Да си помагаме заедно, да бидеме заедно што побрзо во ЕУ, како што тоа го прават Романија и Молдавија, како што прави Грција со Кипар. Ние треба да сме заедно во ЕУ, а тоа може да се се случи само врз основа на пријателство, добрососедство, со спроведување на Договорот потпишан во 2017 година меѓу премиерите Заев и Борисов, како и со добра волја. Им посакувам на нашите соседи навистина да ги надминат сите пречки и да можат што побрзо да станат членка на ЕУ заедно со нас – вели Ковачев.