Филипинскиот претседател Фердинанд Маркос Јуниор прогласи четиридневна национална жалост по повод смртта на папата Франциск. – Загубата на папата Франциск е момент на длабока тага и за Католичката црква и за филипинскиот народ, кој во него гледаше симбол на сочувство и непоколеблив застапник за мир, правда и човечко достоинство, изјави Маркос.
Претседателот и неговата сопруга ќе присуствуваат на комеморативната церемонија в сабота во базиликата „Свети Петар“ во Ватикан. Папата Франциск почина во понеделникот на 88-годишна возраст од мозочен удар. Тој ги посети Филипините во 2015 година, кога милиони верници излегоа да го пречекаат. Тоа е еден од најпосетените собири на еден католички поглавар во историјата.