Во обраќањето пред присутните, Филипче преупреди за една година ВМРО ДПМНЕ ја има урнисано секоја област во општеството.
Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја урнисаа економијата, направија цените да растат без контрола, да не можат луѓето една кошничка да си наполнат, платите немаат абер да растат во следниот период, во земјоделството се намалија субвенциите – и за откупот на оризот, и за сточарите, и за лозарите, го урнисаа здравството, нè задолжија со седум милијарди евра – пари коишто ќе ги враќаат младите генерации“, рече Филипче.
Затоа, како што кажа Филипче, оваа хаотична состојба предизвикана од лошите политики на ВМРО-ДПМНЕ мора да престане, а државата мора да се врати на вистинскиот европски пат.Затоа, сега упатувам јасна порака: да си ја земеме државата назад. Да ја вратиме на вистинскиот европски пат. Многумина прашуваат што е бенефитот? Бенефитот е тоа што тоа ќе биде признание за нашиот идентитет. Затоа што тоа ќе биде начин на којшто поквалитетно ќе се живее. И затоа што влезот во Европа е конечно обединување на сите Македонци“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.